ВМРО-НП: Вработувањето на 135.000 млади е маркетиншки трик

Од:

ВМРО-Народна го повика министерот за труд и социјална политика Спиро Ристоски на ТВ дуел, а ако не прифати тогаш според партијата е јасно дека министерот е само портпарол.

Од партијата на Љубчо Георгиевски посочуваат дека и тој и директорот на Агенцијата за вработување секојдневно прават реклами, промоции за секоја редовна работа и случка.

„Како лесно најавивте вработување за 135.000 млади, во време на светска економска криза, можат да ви “позавидат и земјите од Европската унија”. Очигледно е дека станува збор за маркетиншки трик и популизам. Признавте дека во изминативе 6 години воопшто не помисливте на младите и нивната иднина, ги принудивте егзистенција да бараат надвор од Р.Македонија далеку од своите семејства, а досега стотина пати се пофаливте со спроведени успешни мерки за вработувања на млади невработени лица.

Граѓаните се оние за кои постојат државните институции и функционерите. Тие заслужуваат објаснувања и одговор на многу прашања, па од тие причини еве по петти пат ве повикуавме на јавно соочување“, рече Билјана Јовановска, портпарол на ВМРО Народна.

Јовановска повика Агенцијата за вработување да каже колку гаранции (хипотеки и сметки на жиранти) се активирани, колку сметки на фирми се блокирани и колку бизниси не ни заживејаа како резултат на т.н. проекти.

„Новите измени на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност нема да му користат во државава никому освен вам, на Власта, за прикажување на лажни бројки. И сите невработени лица да ги избришете од евиденција факт е дека по невработеност сме во првите пет земји во светот, тоа го покажува и анализата на Си-ен-ен.

Не ме зачудува загриженост на Директорот и МАРКЕТИНГ АГЕНТ на Агенцијата и неговото признание дека сме во економска криза. Исплашен е од бранот секојдневни отпуштања на вработените од реалниот сектор кои не смее да ги прикаже во јавноста, односно ќе мора ударот да го возврати со нови бришења од списоците на невработени. Интересно, но ние од ВМРО-Народна партија не познаваме ниту едно невработено лице кое не е заинтересирано за работа, како што тој изјави, напротив нема кој и каде да им понуди соодветна работа. Ова ли е демократијата на Груевски“, рече Јовановска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска