Светскиот македонски конгрес избира нов претседател

Од:

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) денеска на Изборно собрание ќе избира нов претседател на организацијата поради истекот на мандатат на досегашниот претседател Тодор Петров.

На Изборно Генерално Собрание освен претседател на Собранието ќе се изберат и почесни претседатели, потпретседатели, генерален секретар, членови на претседателството и надзорен одбор за мандатниот период 2012-2016 година.

СМК според најавите ќе ја зајакне и својата мрежа во светот со координатори за секое населено место и државата.

Предлози за претседател и за останите органи на СМК можеа да даваат сите ограноци од Македонија и од светот, но претходно мораа да пријават двајца свои пратеници за собранието и до вчера да ги достават своите предлози.

Кандидат за претседател на СМК на Генералното Собрание можат да предложат најмалку 10 пратеници во писмена форма.

На 22 Генерално Собрание ќе се почне со подготовки за одбележување на 100 годишнината од Букурешкиот договор во 2013 година, ќе се иницира прашањето за насилно прогонетите Македонци од Балканските војни (1912-1913) и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) пред Генералното собрание на Обединетите Нации и ќе се состави Резолуција за враќање на нивните државјанства, граѓанските, имотните и наследните права, информираат од СМК.

СМК ќе побара информација за исполнувањето на обврските од страна на Грција кон Македонците во согласност со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Се очекува да се утврди нов слоган на СМК „Сите Македонци еден за друг“.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска