Азис Положани ќе се трка за ДУИ во Струга

Од:

Азис Положани е најсериозен кандидат за градоначалник на Струга од редовите на ДУИ, велат високи партиски извори за А1. Внатрепартиската битка Положани ќе ја води со актуелниот градоначалник Рамиз Мерко кој одамна јавно најави дека сака трет градоначалнички мандат и оти очекува подршка од ДУИ.

Поранешниот министер за образование и амбасадор на Македонија во Женева, Положани, според партиски извори ја имал подршката од основачите на ДУИ во Струга но и од потпретседателот на партијата и вицепремиер Муса Џафери, додека Мерко ја имал наклонетоста и подршката од крилото на поранешниот собраниски и партиски потпретседател Рафиз Алити и Г зим Острени.

Според нашите извори повеќе шанси му се даваат на Положани кој не седна за ректор на Државниот Универзитет во Тетово и покрај ветувањата поради што беше повлечен од функцијата амбасадор во Женева. Токму сега на Положани му било ветено местото градоначалник на Струга, како замена за нерелаизираното ветување за ректор на ДУТ.

Одлуката сепак ќе ја носи највисокото претседателство на ДУИ во Мала Речица и тоа најверојатно на есен, на крајот од септември после евентуалната реконструкција на владата за која се шпекулира дека ќе се случи во текот на месец септември коментираат нашите извори. За Кичево според изворите од ДУИ е веќе сигурно дека кандидат за градоначалник ќе биде актуелниот градоначалник на Осломеј, Фатмир Деари.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче