ВМРО-Народна: Да се овозможи користење на средна цена за струјата

Од:

ВМРО Народна тврди дека има неофицијални сознанија дека ЕВН до своите подрачни единици доставиле препорака да не ги прифаќаат барањата за промена на тарифниот модел кој овозможува граѓаните да бидат корисници на електрична енергија со средна цена.
Токму партијата на Љубчо Георгиевски на денешната прес конференција побара да се направи промена на двотарифниот модел во еднотарифен, а со цел граѓаните да можат да ја користат средната цена на струја, како помало понудено зло.

„Во цената за електрична енергија која што власта јавно ја објавува како најефтина во регионот, не е вклучена т.н. ангажирана моќност од 33 % која граѓаните редовно ја плаќаат со секоја сметка. И покрај се ДДВ не се плаќа на потрошената електрична енергија, туку на вкупниот износ во кој се вклучени и тие 33 проценти“, рече портпаролот на партијата Билјана Јовановска.

ВМРО-Народна партија од регулаторната комисија за енергетика побара на близу 500.000 иматели на електрични броила да им се овозможи промената на тарифниот модел да го направат без да платат надомест кој чини приближно 20 евра.

„Тоа значи и од онака празните џебови на граѓаните да не бидат испумпани околу 10 милиони евра. Бараме да се откажат од наплатата на 33 те % ангажирана моќност за користење на електрична енергија барем за оние корисници кои ке останат на двотарифниот модел, ако се земе во предвид дека ефтината струја ќе може да се користи само ноќе кога нема поголема ангажирана моќност бидејки системот тоа го дозволува. Дали регулаторната комисија за енергетика е под силен притисок на Владата и ваквите одлуки ги носи на нејзино барање со цел да помогне во полнење на празната државна каса“, прашаа од ВМРО-Народна.

Тие упатија повик до ВМРО-ДПМНЕ.

„Барем еднаш да се обиде да ги заштити граѓаните од нелогичните, неуставните и недемократски одлуки на Владата и да се спротистави на бранот поскапувања или доколку се согласува со поскапувањата нека излезе јавно да појасни, зошто го прави тоа“, рече Јовановска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска