(ВИДЕО) „Телеграф“: Зеленски издаде надерба да се уништи „гордоста на Путин“

Од:

Украина планира целосно да го уништи Кримскиот мост – таканаречената „гордост на Путин“ – пренесува британскиот весник „Телеграф“ (The Telegraph).

Според весникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски издал таква наредба до воената команда.

По нападот на 18 ноември, еден дел од мостот се урна, а железничкиот дел претрпе сериозни оштетувања.

Украинските медиуми тврдат дека во нападот биле употребени ракети „Нептун“.

Украина сега подготвува нови напади. Производителите веќе изработиле стотици ракети „Нептун“, а Киев би можел да пренасочи средства – првично наменети за проектот „Фламинго“ – кон нивното производство.

„Не ги разбирам Русите. Требаше да знаат дека поседуваме ваков вид оружје. Зошто тогаш ги гаѓаат нашите мостови, без да сфатат дека ние ќе го направиме истото со нивните? Истата логика важи и за нашите енергетски постројки. Дали се Русите подготвени за неизбежните последици кога ќе возвратиме на огнот?“ – вели извор, цитиран од „Телеграф“.

Би можело да ве интересира

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски

Меланија Трамп: Продолжувам да работам на повторното обединување на семејствата од Русија и Украина

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

Олејник: Зеленски од почетокот на војната во 2022 година помина само 40 отсто од работното време во Украина

Захарова: Помалку пари за Европејците, милијарди за Киев