Хамнеи: Басиџ нема да пропушти можност да им се спротивстави на непријателите на Иран

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, денеска изјави дека „Басиџ“ – иранска доброволна паравоена сила – нема да пропушти ниту една можност да им се спротивстави на непријателите на исламот и на Исламската Република. Тој ги повика припадниците на оваа доброволна организација да го зајакнат националното единство и да го прошират своето присуство во иранското општество.

Во пораката по повод „Неделата на Басиџ“, Моџтаба Хамнеи нагласи дека припадниците на „Басиџ“ покажуваат наклонетост кон своите сограѓани и се подготвени на жртви за народот, политичкиот систем и револуцијата. Истовремено, тој истакна дека тие „не пропуштаат ниту една можност да удрат врз непријателите на исламот и исламскиот систем“, како што пренесува „Прес ТВ“ (Press TV).

Секоја година, кон крајот на ноември, Иран ја одбележува „Неделата на Басиџ“ во чест на основањето на организацијата на 26 ноември 1979 година – датумот кога основачот на Исламската Република, ајатолахот Рухола Хомеини, наредил формирање на национална доброволна сила.

Концептот бил да се создаде доброволна армија од околу 20 милиони луѓе, чија задача би била да помогне во одбраната на земјата и на новоформираната Исламска Република од разни закани.

Датумот на основање, кој се совпаѓа со петтиот ден од иранскиот месец Азар, се одбележува како „Ден на Басиџ“. „Басиџ“ одигра значајна улога за време на осумгодишната војна меѓу Иран и Ирак, која започна во 1980 година со напад од страна на силите на ирачкиот лидер Садам Хусеин.

Во тоа време, доброволците од „Басиџ“ им се придружија на иранските вооружени сили на фронтот.

Денес, „Басиџ“ е еден од петте ограноци на Корпусот на чуварите на исламската револуција (ИРГЦ); покрај воените и безбедносните задачи, неговите активности опфаќаат и културни, социјални, образовни и хуманитарни програми.

Во својата порака, Моџтаба Хамнеи го опиша „Басиџ“ како „извонреден и вреден феномен“ – иницијатива основана од Хомеини со цел да обедини мотивирани, оптимистични и самопожртвувани Иранци од различни генерации, кои се посветени на достоинството на исламот и Иран, како и на учењата на имамот Хусеин. Тој истакна дека перцепцијата на јавноста за припадниците на „Басиџ“ е дефинирана преку вера, посветеност, искреност, проницливост, храброст, борбен дух, исполнување на должноста, несебичност и подготвеност за жртвување за другите.

Би можело да ве интересира

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови

Калибаф: Иран стана една од четирите светски сили

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

(ВИДЕО) Нападнат е финансискиот центар во Ријад

Техеран со седум барања пред почетокот на преговорите со САД