Чупиќ: Европските вредности треба да ги прифатиме заради граѓаните, а не поради Брисел

Од:

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, во интервју за германската телевизиска мрежа ZDF изјави дека Србија нема да воведе санкции кон Русија, нагласувајќи дека овој став бил јасно изнесен во изборната програма на неговата партија.

– Во нашата изборна програма јасно ставивме до знаење дека нема да воведеме санкции кон Русија. Верувам дека Европската унија ја разбира нашата позиција, рече Чупиќ.

Во извештајот за политичката ситуација во Србија, еден месец по вонредните парламентарни избори, германскиот медиум ги анализираше односите на Србија со Европската унија и со Русија, како и застојот во процесот на европски интеграции. Посебно внимание беше посветено на енергетската зависност на Србија од руските испораки – првенствено нафта и гас – што се наведува како фактор што влијае врз политиката на Белград кон Москва.

За време на интервјуто, Чупиќ зборуваше и за патот на Србија кон Европа, како и за состојбата во односите меѓу Белград и Брисел.

– Вредностите како што се владеењето на правото и слободата на медиумите се фундаментални европски вредности. Сепак, ние нема да се стремиме кон нив само затоа што некој го бара тоа заради интеграцијата во ЕУ, туку затоа што и самите навистина ги посакуваме, заклучи Чупиќ.

Според германскиот медиум, Чупиќ изразил разочарување од Европската унија, сугерирајќи дека Брисел предолго толерирал, како што тој го опиша, злоупотребата на власта од страна на Александар Вучиќ. Зборувајќи за европските вредности, тој истакна дека владеењето на правото, слободата на медиумите и демократските принципи треба да бидат цели кон кои Србија се стреми заради сопствените граѓани, а не само како услови за пристапување кон Европската унија.

Би можело да ве интересира

Пицула: Вистинскиот тест за новата влада во Србија допрва претстои

Претседателските избори во Србија распишани за 27 декември

Самит Брдо-Бриони утре во Охрид, најавен и новиот в.д. претседател на Србија

ЕУ планира технолошки фонд од 50 милијарди евра за да ја намали зависноста од САД и Кина

Горан Наумовски

Москва предупредува: Вклучувањето на ЕУ може да ги искомплицира преговорите за завршување на војната во Украина

Германија и натаму убедливо најголем финансиер на ЕУ