Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, според разузнавачките податоци, Русија ги завршува подготовките за нов масовен напад, кој повторно би можел да биде насочен кон енергетски објекти, логистичка инфраструктура и витална инфраструктура во градовите и населените места.
На платформата „Икс“ (X), Зеленски им се заблагодари на екипите за поправка, енергетските компании, комуналните служби и Државната служба за вонредни состојби за нивната работа на обновување на снабдувањето со електрична енергија по руските напади.
Тој истакна дека руските сили продолжуваат да ги напаѓаат трафостаниците, далноводите и електричната мрежа.
