Левица: Бараме итно ставање на дневен ред на законските измени за заштита од насилство врз жените

Од:

Врв на лицемерието е денешниот најавен скап партиски собир на ДПМНЕ во ресторан, на кој функционерите на владејачката партија ќе говорат за „институционална одговорност“ и „одлучно дејствување против насилството“. Истата партија која пред само пет дена во Собранието го одби предлогот на Левица за обезбедување дополнителни средства за заштита на жртвите, а речиси три месеци не обезбедува расправа по законските измени за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, вечерва ќе се накити со портокалови панделки и ќе дели лекции за општествена солидарност! Кому, впрочем, му се упатени нивните повици за институционална одговорност, кога токму тие раководат со институциите од кои се бара одговорност, велат од Левица.

– Уште на 26 август во Собранието беа доставени законските измени, по скратена постапка, со кои се предвидуваат и итно отстранување на насилникот од домот, забрана за приближување и контактирање со жртвата, скратување на роковите за институционално постапување, поефикасна процена на ризикот и засилена заштита на децата жртви на насилство. Речиси три месеци парламентарното мнозинство на ДПМНЕ не наоѓа време за нивно разгледување и одбива да ги стави на дневен ред! Во меѓувреме, сè уште не е финализиран ниту пакетот измени на осум закони за кои работна група беше формирана уште во април. Оттука, апсурден е и повикот на Мицкоски до младите кои протестираат против фемицидите да се вклучат во дебата за законските измени. Наместо премиерот да даде отчет за повеќемесечното одложување, тој повторно им испорачува обврски на граѓаните кои протестираат токму поради неисполнетите обврски на неговата власт!

Откако мнозинството на ДПМНЕ веќе го одби амандманот на Левица за обезбедување средства за воспоставување заеднички оперативни тимови на МВР и центрите за социјална работа, ги повикуваме пратениците да ги поддржат барем преостанатите шест амандмани на Левица, со кои се предвидуваат дополнителни 456 милиони денари за кадровско зајакнување на центрите за социјална работа, отворање специјализирани советувалишта, воспоставување нови шелтер-центри, интегриран електронски систем за евиденција и следење на случаите на насилство, бесплатна здравствена заштита на жртвите и проширување на мрежата на центри за третман на жртвите на сексуално насилство.

Дополнително, Левица бара итно ставање на дневен ред и усвојување на законските измени за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, и финализирање на преостанатиот пакет законски измени, како и утврдување одговорност за институционалните пропусти.

Ги повикуваме функционерите и пратениците на ДПМНЕ својата вечерва најавена „одлучност“ да ја демонстрираат во институциите со кои раководат и во Собранието во кое располагаат со мнозинство. Политичката солидарност со жртвите се мери со акцијата во институциитте и гласовите во Собранието, а не со бројот на портокалови панделки на партиските собири, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ по желба олигарсите – на работникот му го одзедоа и достоинството, сега му ја меркаат и неделата

Левица: Студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

А1он

(ВИДЕО) Левица: Дали и во Кавадарци се прикрива насилство од поединци во МВР?

(ВИДЕО) Мојсоска: ДПМНЕ три месеци го држи предлог-законот за семејно насилство во фиока

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата

Левица: Македонија единствена европска земја против хуманитарна помош за Палестинците – ДПМНЕ ја влече државата кон талогот на цивилизацијата