Вклучувањето на Европската унија би можело да го искомплицира процесот на завршување на војната во Украина, доколку Брисел продолжи со своите сегашни ултиматуми кон Русија, изјави Родион Мирошник, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.
– Ако пристапите воопшто не се променат – ако ултиматумите останат – тогаш е малку веројатно дека ќе видиме каков било напредок кон решавање на ситуацијата, рече Мирошник, додавајќи дека Москва сè уште нема добиено никакви ефективни предлози за решение од Брисел или Лондон, пренесува новинската агенција ТАСС.
Тој истакна дека ЕУ неодамна усвои повеќе од 20 пакети насочени кон воведување санкции против Русија и „влошување на ситуацијата“.
„Зборовите и делата на Европа значително се разликуваат“, забележа тој.
