Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, најави дека ќе побара воведување европски санкции против одговорните за руска операција насочена кон влијаење врз јавното мислење во суверени држави – операција која, според него, ги опфаќа и Камерун и Република Конго.
– Во Африка и на други места, Русија на Владимир Путин се обидува да манипулира со јавното мислење во суверени држави, со цел да им наштети на интересите на Франција, кажа Баро.
Тој се повика на извештајот на „Вигинум“ (Viginum) – тело формирано во 2021 година за откривање и следење на странско дигитално мешање – кој беше објавен денес и кој, според него, содржи докази за ваквите активности.
„Русија очајнички се обидува да ги колонизира умовите, но нема да успее, бидејќи не може да нè измами“, изјави Баро.
