Пристигнаа дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип, досега се вакцинирани 28.035 граѓани

Од:

Дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцина против сезонски грип заклучно со денеска примиле 28.035 граѓани, а преку електронската пријава „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.

Закажани се, наведуваат од Министерството, 54.778 термини, од кои 23.225 претстојат во наредниот период,

Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од шест месеци до пет години, посочуваат од Министерството за здравство.

Воедно, ги повикуваат граѓаните од ризичните групи да ја искористат вакцинацијата, додека граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.

Би можело да ве интересира

Уште нема вакцини против сезонски грип, се очекува набавка месецов

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Предраг Петровиќ

Развојот на вакцина против хантавирусот ќе трае неколку години

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ