Вучиќ: Добив јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран

Од:

Александар Вучиќ, шеф на пратеничката група на листата „Србија победува“, гостуваше во утринската програма на ТВ Пинк, каде што изјави дека во текот на вчерашниот ден добил „јасни и недвосмислени најави дека ќе биде ликвидиран“.

На прашањето на водителката дали денеска ќе присуствува на консултациите во Собранието на Србија, тој потврди дека ќе оди, заедно со Миленко Јованов.

– Тие ќе понудат места во одборите, пропорционално на нашата сила, но нема да ни понудат да раководиме со одборите. Тоа ќе го слушнеме денеска во 14 часот – рече Вучиќ.

– Во услови на револуционерен занес, да не ви дадат потпретседателски места е желба да покажат дека се семоќни. Можат да го прават тоа. Но, многу поважен е фактот како зборуваа дека ќе ги реформираат институциите. Кога ќе го погледнете претседателот на Собранието, тој влезе во Собранието како професор, а излезе како доцент. Проблемот е што лажевте – истакна Вучиќ.

– По три дена не ги менуваат оделата, демек колку се фини. „Гледајте, Вучиќ ги сменил оделата, но нема ниту еден облакодер“. Сè ви е измама. Тоа е една од најголемите измами – кога ви зборуваат така фино на РТС, па велат дека конструктивно сакале сè да направат. Дадоа осум опомени за 40 минути. На тоа водителката на друга телевизија му вели на Чупиќ: „А зошто не го прекинавте 480 пати? Тие знаат дека сè што зборувам е вистина, а сè што тие зборуваа е лага. Кога ќе ги прашате за облакодерите, велат: „Јас ќе го променам сето тоа“. Зошто не го кажа тоа веднаш? Јас ќе речев: „Во ред, не знам како сте заработиле, но во ред“. Но, немојте да глумите дека немате пари за одело, а имате за облакодери – додаде Вучиќ.

Осврнувајќи се на случајот со становите на Александар Чупиќ, Вучиќ рече:

– Тој бил инвеститор. Од каде пари за облакодерот и за целиот тој имот? Тоа се милиони и милиони евра. Тие веднаш го гасат Информер. Погледнете што му направија на програмата на Информер. Кога некому нема да му дадете потпретседателски места што му припаѓаат, а секако ги заслужил со бројот на освоени гласови… Тие не се грижат многу за тоа. Го поставија Адем Мавриќ, кој ги навредува сите христијани – рече Вучиќ.

– Саичиќ е нивниот кандидат на претседателските избори. Според мене, бесмислено е да се учествува на избори во вакви услови. Наместо да се посветат на прашањата дали можеме да изградиме патишта, дали Железарата и „Стелантис“ можат да опстанат и да продолжат да работат, тие се занимаваат со други работи. Има безброј проблеми, занимавајте се со својата работа. Не можат да се занимаваат со нив бидејќи не знаат што да прават, додека Вучиќ дише, ние не сме безбедни. А програма, план, идеи – такво нешто не постои. Планот им е преземен од ChatGPT. Нивните проблеми не ги интересираат – изјави Вучиќ.

– Полицијата не постои. Во текот на вчерашниот ден добив најсериозни закани по животот. Добив јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ лично вршел притисок за да се отстранат пречките за изградба на хотелот на Трамп, објави „Фајненшл тајмс“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Победата ќе дојде малку побавно отколку што се надеваме, но многу побрзо отколку што некои очекуваат

А1он

„Ова го правам за граѓаните“: Вучиќ во Собранието пушти снимка од сопругата на „Веља Невоља“ за да се огради од него

Вучиќ: Сакав победа за вакви луѓе да не дојдат на власт; јас сум највиновен и историјата ќе ми суди за тоа

А1он

Вучиќ: Не слушнавме извинување за нападот на Лидија Вукиќевиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија