Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

Од:

Нејасно е зошто СДС упорно отвора теми во јавноста кои никако не им одат во прилог.

Се занимаваат со статистички податоци кои се лесно проверливи и кои немилосрдно ја покажуваат нивната безидејност. Зборуваат за платите, а не подалеку од вчера, и Државниот завод за статистика потврди дека платите во Македонија растат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најновите податоци на ДЗС за месец септември го потврдуваат растот на реалната нето-плата. Имено, реална нето-плата е кога од нето-платата ќе се одземе инфлацијата за тој месец, а за месец септември 2026 година, реалната нето-плата порасна за 5,2%.

Од друга страна, пак, доколку истата се спореди со септември 2022 година, период на власт на СДС, кога порастот на реалната нето-плата бил негативен, односно -5%, тогаш доаѓаме до интересен заклучок.

Значи, во услови на историска енергетска криза, нашата Влада успева реалната плата да ја зголеми за 5,2%, додека тие, владата предводена од СДС, во 2022, кога исто така имаше ограничена енергетска криза успеаја да ја намалат за -5%.

Ние не интервенираме со закони за минимална плата, туку оставаме пазарот на труд и законот за минималната плата да го регулираат порастот.

Бројките се немилосрдни и понекогаш статистиката повеќе зборува отколку се друго.

А ние како Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжиме да креираме политики и да преземаме мерки за економска стабилност и раст, да креираме услови за бизнис клима која ќе донесе општествен развој, нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за македонските граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Европа се соочува со сè поголема станбена криза: Државите воведуваат ограничувања на кириите и нови мерки за изградба

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари