Иранската амбасада во Атина денеска ги демантираше тврдењата што го поврзуваат Техеран со терористички заговор насочен против израелски државјанин кој живее во Грција.
„Прес-службата на Амбасадата на Исламска Република Иран во Атина како целосно неосновани ги отфрла тврдењата на одредени медиуми, кои наводниот терористички заговор им го припишуваат на актери поврзани со Иран“, се наведува во соопштението, што го пренесува информативниот портал „Прототема“.
Од Амбасадата тврдат дека обвинувањата се неосновани и дека зад нив стои Израел.
