Американската војска денеска изврши нови воздушни напади врз Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван претставник на американската војска.
Според претставникот, американски борбени авиони нападнале позиција за лансирање ракети на островот Кешм, како одговор на тоа што Иран целел американски персонал и средства.
Претставникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, не даде дополнителен коментар.
