(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

Од:

Насилникот од Охрид не е единствениот кој треба да понесе одговорност за бруталното насилство врз Сара, потребно е проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка, нагласи пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска.

Тренчевска посочи дека мора да се истражи и улогата на сите кои му помагале да го прикрие делото, влијаеле врз постапката или ја попречувале правдата.

„Мицкоски, Тошковски, Савески – бараме проширување на истрагата. Насилникот од Охрид не е сам. Има родители кои сугерирале да се ослободи од делото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил. Бараме најстроги казни за насилникот и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата“, рече Тренчевска.

Воедно, Тренчевска нагласи дека мора да се утврди одговорноста на сите институции и поединци кои потфрлиле во постапувањето по случајот и побара итно носење на заклучоците од надзорната расправа кои ќе овозможуваат функционалност на системот, не со укажување, не со препораки, туку со задолжување на институциите.

„Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд. Како пратеничка група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери бараме итно донесување на заклучоците од надзорната расправа кои ќе овозможуваат функционалност на системот, не со укажување, не со препораки, туку со задолжување на институциите. Итно ставање на дневен ред на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените кои стојат во фиока од август месец. Итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со присуство на Тошковски и Савески. Како жени нема да молчиме, туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме во Македонија жените да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи“, рече Тренчевска.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за Кристијан Корабоски

Катерина Ѓуровски

Обвинителство бара притвор за Кристијан Корабовски од Охрид кој ја претепа 26 годишната Сара

Горан Наумовски

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата

Горан Наумовски

Повторно е приведен Кристијан Корубовски кој ја претепа Сара Ѓорѓиевска од Охрид

Горан Наумовски

МВР: Напаѓачот на Сара Ѓорѓиеска имаше 1,29 промили алкохол во крвта

Горан Наумовски

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски