Хашим Тачи осуден на 17 месеци затвор за попречување на правдата

Од:

Поранешниот лидер на таканаречената ОВК, Хашим Тачи, е осуден на 17 месеци затвор за обид за попречување на службени лица во вршењето на службената должност, повреда на тајноста на постапката и непочитување на судот, објави РТС.

Судијата на Специјализираните совети во Хаг, Кристофер Госнел, при изрекувањето на пресудата соопшти дека Тачи е прогласен за виновен за обид за попречување на службени лица во вршењето на службената должност и за непочитување на судот. За овие дела му е изречена единствена казна од 12 месеци затвор.

Бидејќи Тачи во притвор веќе поминал подолг период од изречената казна, се смета дека таа е издржана.

Во истиот предмет, Башким Смакај и Фадиљ Фазљију се осудени на по 12 месеци затвор, Хајредин Кучи доби условна казна од еден месец затвор со рок на проверка од една година, додека Исни Киљај е ослободен од обвинението.

Специјализираното обвинителство во Хаг претходно побара Тачи да биде осуден на шест години затвор, без да му се засмета времето поминато во притвор. За Смакај, Киљај и Фазљију беа побарани по три години затвор, а за Кучи девет месеци.

Според обвинението, во периодот од 12 април до 2 ноември 2023 година, за време на одделни посети во притворскиот објект, Тачи им давал доверливи информации на Смакај, Киљај, Фазљију и Кучи за сведоци на обвинителството во одделниот предмет за воени злосторства што се води против него.

Тој, според обвинението, им давал и конкретни инструкции како да влијаат врз сведоците на обвинителството.

Тачи беше обвинет во три точки за обид за попречување на службени лица преку учество во заедничко дејствување, во четири точки за повреда на тајноста на постапката и во уште четири точки за непочитување на судот.

Смакај, Фазљију и Киљај беа обвинети за обид за попречување на службени лица и непочитување на судот, додека Кучи се товареше само за непочитување на судот.

Тачи на 16 септември беше осуден на 25 години затвор за воени злосторства извршени во текот на 1998 и 1999 година. Во истиот предмет, на по 25 години затвор беа осудени и Јакуп Красниќи, додека Реџеп Селими доби 13, а Кадри Весели 18 години затвор.

Би можело да ве интересира

Во вторник пресуда за Хашим Тачи – Обвинителството бара дополнителни 6 години затвор

А1он

(ВИДЕО) Тензично пред косовскиот парламент: демонстрантите фрлаат молотови коктели, полицијата одгвори со солзавец

ВИДЕО: Протестен марш во Скопје за поддршка на Хашим Тачи и другите осудени водачи на ОВК

Катерина Ѓуровски

Обвинителството во Хаг бара казната за Хашим Тачи наместо 25 да биде 31 година затвор

А1он

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Катерина Ѓуровски