(ВИДЕО) Два авиона се судрија на аеродромот во Мајами – има повредени

Од:

Товарниот авион на американската компанија UPS и патничкиот авион на панамската компанија „Copa Airlines“ се судрија синоќа на Меѓународниот аеродром во Мајами.

Според противпожарната служба во Мајами, две лица се здобија со полесни повреди и им беше укажана помош на самото место.

Во инцидентот учествувале авион „Боинг 767“ на компанијата UPS и „Боинг 737“ на „Copa Airlines“, а до контакт дошло околу 21:15 часот по локално време, на раскрсницата на две патеки за рулирање.

Како што пренесува „Euronews“, повикувајќи се на американскиот медиум „ABC News“, крилото на авионот на „Copa Airlines“, кој се движел кон излезот за патници, удрило во носот на авионот на UPS, кој се подготвувал за полетување.

Грег Чин, директор за комуникации на Меѓународниот аеродром во Мајами, изјави дека противпожарните екипи им укажале помош на две лица со полесни повреди, но немало потреба од нивно префрлање во болница.

Авионите биле пренасочени кон други патеки за рулирање, па инцидентот не влијаел врз редовното функционирање на аеродромот, пренесува „CBS“.

Летот 358 на UPS требало да полета од Мајами за Богота, Колумбија, додека летот 427 на „Copa Airlines“ пристигнал од Панама Сити.

Според информациите од Федералната управа за авијација (FAA), контролорите на летање претходно ѝ дале насоки на екипажот на авионот на UPS да му даде предност на авионот на панамската компанија.

Американската управа за авијација започна истрага за да ги утврди околностите на судирот.

Би можело да ве интересира

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

ВИДЕО: Пријави за бомби во авиони низ Европа, сменети маршути, принудни слетувања

ВИДЕО: Болсонаро избега во Мајами па се прогласи за „лидер на Бразил“

Елхами: Иран собори дронови и борбени авиони, сега развиваме ново оружје

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“