Финска го отфрли руското барање да ја напушти НАТО – кое наводно било изнесено во контекст на мировните преговори за Украина – при што финскиот министер за одбрана, Анти Хаканен, изјави дека членството на земјата во Алијансата не е предмет на преговори, пренесува денеска „Политико“.
– Ваквите прашања воопшто не се предмет на преговори. Русија го знае тоа. Апсолутно е скандалозно воопшто да се предлага такво нешто, рече Хаканен.
Финска, која дели граница од 1.340 километри со Русија, стана членка на НАТО во 2023 година – промена во надворешната политика поттикната од руската инвазија врз Украина.
