Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека не гледа напредок во преговорите со Иран, оценувајќи дека досегашните барања на Техеран се неприфатливи, при што некои од нив се „нечуени и смешни“.

– Има голем број земји кои продолжуваат да комуницираат со нив и да изнесуваат различни предлози, но не би рекол дека сме на прагот на некаков пробив, изјави Рубио во Флорида, пред заминувањето на средба со неговите колеги од Групата седум (Г7) во Париз – каде што ситуацијата со Иран ќе биде главна тема – пренесува „Блумберг“.

Агенцијата забележува дека изјавите на Рубио се во спротивност со донекаде пооптимистичкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно изјави дека е „многу малку веројатно“ оти ќе нареди нови напади врз Иран, под услов да се постигне значителен напредок во преговорите.

Притоа, Трамп нагласи дека би претпочитал дипломатско решавање на конфликтот.

Иран претходно изјави дека САД мора да ја прекинат поморската блокада на неговите пристаништа во Персискиот Залив и да ги укинат санкциите, како предуслов за мировни преговори.

Вашингтон, пак, врши притисок врз Техеран повторно да го отвори Ормускиот теснец и да се согласи на отстапки во однос на својата нуклеарна програма. Разликите во ставовите на двете страни и понатаму претставуваат пречка за постигнување дипломатски договор.

Би можело да ве интересира

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

ВИДЕО: Иран објави снимки од воените тунели

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“