Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, информираше дека по барање на граѓаните е подготвена петиција со која се бара воведување електронски алки за следење на сторителите на насилство.
Зајкова ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата и да ја потпишат петицијата, со која се бара воведување дополнителна мерка за контрола и следење на лицата што вршат насилство.
„Електронската нараквица ќе ја предупреди жртвата и ќе ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание. Потпишете се“, се наведува во иницијативата.
