Огромен интерес за мастеркласот на Драган Бјелогрлиќ на Скопје Филм Фестивал 2026

Од:

Вчера (петок, 6.11.2026), на сцената на Фестивалскиот центар во МКЦ се одржа мастерклас со моментално еден од најуспешните регионални филмски професионалци, со длабоко искуство во продукција, режија и глума, Драган Бјелогрлиќ.

Во едночасовната дебата со Директорот на Скопје Филм Фестивал, Томи Салковски, преку пластични примери во спојот на уметноста и комерцијалното, Бјелогрлиќ ја отвори и темата дека без разлика каков филм е создаден, без кино не може да го видите.

За новите генерации професионалци, кои присуствуваа во голем број, овој мастерклас беше од исклучителна важност за нивниот професионален развој. Бјелогрлиќ ја затвори сесијата со охрабрување за младите филмски професионалци – дека филмовите пред сѐ, се создаваат за публика.

Би можело да ве интересира

„Бои и вино“ – ликовно ќоше каде секој може да биде уметник

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026