Славески: Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола

Од:

Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола. Ние размислуваме и во алтернативи за оние екстремни сценарија.

Премиерот објасни што во такво сценарио што никој од нас не го посакува, истакна денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Тој посочи дека бараат купувач за банката.

– Нормално, има некои што сами се јавуваат, со кои се остваруваат контакти, а секако сме и проактивни. Тоа го најави и премиерот. Така што ќе видиме кои се интересите, затоа што станува збор за навистина здрава банка, банка во регион традиционално концентрирана со голем потенцијал за развој на земјоделието и на индустријата, банка чија продажна вредност дури и за средни банки не претставува некој предизвик од финансиска гледна точка, но ние не можеме да зборуваме во името на заинтересираните инвеститори, рече Славески одговарајќи на новинарски прашања.

Посочи дека со шест инвеститори ќе имаат состаноци, а денеска имале со две домашни банки.

Во врска со тоа дали некое правно лице со сметка во „Алта банка“ може да исплати плата месецов на 100 вработени за овој месец, тој рече може на 101 вработен.

Би можело да ве интересира

Народна банка: Oд следната недела лимитoт за подигање готовина и плаќања се зголемува од 10.000 на 15.000 денари

А1он

Народна банка: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 556 пензионери

Никола Мемов, Трајко Славески и Станка Трајкова: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет

Горан Наумовски

Народна банка: Не е забележан трансфер на поголеми средства во и кон Србија и Русија преку Алта банка Битола

Од денеска исплата на средства за клиентите на Алта банка без платежни картички во Битола

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола