Од денеска исплата на средства за клиентите на Алта банка без платежни картички во Битола

Од:

Граѓаните што имаат платежни сметки во Алта банка АД Битола, а немаат платежни картички, од денеска ќе може да ги подигнуваат своите средства на шалтерите во главната филијала на банката во Битола.

За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, наменети за исплата на готовина, особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку сметки во банката, информира Народната банка.

Граѓаните ќе може да подигнат најмногу 20.000 денари, колку што изнесува максималниот дозволен износ за повлекување во период од две недели.

Од 6 ноември, вклучително и в сабота, 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти.

Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови, според однапред утврден распоред. Граѓаните ќе добијат СМС-порака со информација за денот и часот кога треба да дојдат во филијалата.

Народната банка апелира граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата пред определеното време или во деновите кога не се повикани за да се избегнат метеж и подолго чекање. За оние што нема да може да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.

Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина и нема да се вршат други видови трансакции.

Во тек се и подготовките за отворање шалтери за пензионерите и примателите на социјална помош во други градови во земјата за што Народната банка дополнително ќе информира.

Би можело да ве интересира

Претседателката на Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Абази на надзорната расправа во Собранието: Постапката за АЛТА Банка беше транспарентна и целосно законска!

А1он

Уапсени се братот на Давор Мацура и директорката на „Алта Пеј Груп“

А1он

Ивановски: Финансиската полиција не ја проверувала Алта банка, не добила барање ниту од Народната банка

Фросина Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и има показатели за квалитетот на кредитното портфолио

Костовски за Алта банка АД Битола: Ја поддржувам секоја законска мерка со која ќе се заштитат штедачите, доверителите, вработените и стабилноста на банкарскиот систем

Горан Наумовски

Сиљановска: Немам никаква улога во случајот „Алта банка“