Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за прекршување на Законот за пазарот на капитал и припадност кон криминална организација, соопшти денеска Обвинителството во Истанбул.
Според документ од обвинителството, Каја е осомничена дека поседувала информации што можеле да влијаат врз цената на акциите на компанијата „Озата Денизџилик“ (Ozata Denizcilik), пренесе агенцијата Анадолија.
Истражителите наведоа дека поранешната министерка купила акции во компанијата во април 2026 година, а ги продала на 16 септември – еден ден пред да биде донесена одлука за ликвидација на фондовите.
Обвинителството се сомнева дека Каја знаела за претстојната ликвидација и дека ги префрлила акциите на фирмата „Тера Јатирим Менкул Дегерлер“ (Tera Yatirim Menkul Degerler), која ѝ ја исплатила вредноста на акциите истиот ден – наместо да се испочитува стандардниот рок за порамнување од два работни дена.
Ибрахим Омер Гонул, поранешен претседател на Одборот за пазар на капитал, како и Илјас Каја, се пуштени на слобода под судски надзор, што вклучува обврска за редовно јавување кај надлежните органи и забрана за патување.
