Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Од:

Истрагата за пребегнувањето на Ива Михаилова од Кочани во Бугарија е сè уште активна. Во овој момент немаме информации коишто би можеле да ги споделиме со јавноста. Кога ќе ја затвориме, јавноста ќе биде информирана за сè што сработило Министерството за внатрешни работи, изјави денеска министерот Панче Тошковски.

Прашан за коментар за заштитничкиот однос од страна на Бугарија, каде што официјални лица изјавија дека нема да ја бараат, ниту да ја екстрадираат Михаилова, министерот рече дека жали што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци.

– Навистина жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци. Навистина жалам, тоа не доликува на една земја членка на Европската Унија и се надевам дека во иднина ќе го коригираат својот однос, во насока на вистинско имплементирање и почитување на европските вредности. Затоа што заштита на криминал и заштита на луѓе коишто се сомничат за криминал не доликува на една европска демократска држава, рече Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030.

Ива Михајлова, која има и бугарско државјанство, пребега во Бугарија на 11 октомври и по неа е распишната меѓународна потерница. Во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.

​Таа имаше судска забрана за напуштање на државата и МВР по нејзиното бегство соопшти дека нема евидентиран излез од Македонија, ниту влез во Бугарија, односно дека границата ја преминала нелегално.

Во Бугарија се крие и таткото на Ивана, Симеон Михаилов, правосилно осуден на 12,5 години затвор за обид за убиство, по кого исто така има распишано меѓународна потерница.

Би можело да ве интересира

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица