Бројот 112 да не се користи како информации и за секојдневни проблеми, повикуваат од ЦУК

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска апелираше до граѓаните бројот 112 да го користат одговорно и исклучиво за итни случаи кога е неопходна неодложна интервенција на надлежните служби.

Од ЦУК информираат дека во изминатиот период е забележан голем број повици кои немаат итен карактер, а се однесуваат на секојдневни проблеми, меѓучовечки недоразбирања, барање информации, административни прашања и други ситуации за кои не е потребна итна реакција.

Според Центарот, секој неитен повик го ангажира времето на операторите и ги оптоварува телефонските линии.

– Важно е да се знае дека секој неитен повик го зафаќа времето на операторот и капацитетот на линиите. Во истиот момент, на помош може да чека лице чиј живот или здравје е загрозен, жртва на насилство, учесник во тешка сообраќајна несреќа или граѓанин соочен со друга реална опасност – наведуваат оттаму.

Тие потсетуваат дека на бројот 112 треба да се пријавуваат ситуации во кои постои непосредна опасност по животот, здравјето, безбедноста, имотот или животната средина и кога е потребна интервенција на Полицијата, Итната медицинска помош, противпожарните служби или други надлежни институции.

– Доколку ситуацијата не бара итна реакција, обратете се до институцијата или службата надлежна за конкретниот проблем преку нејзините редовни контакт-канали – дополнуваат од ЦУК.

Воедно, Центарот апелира и до институциите, јавните претпријатија, компаниите и единиците на локалната самоуправа да не го наведуваат бројот 112 како општ контакт за информации, административни пријави, евидентирање материјална штета и други потреби кои немаат итен карактер.

Од ЦУК нагласуваат дека бројот 112 не е информативна линија, ниту број за решавање секојдневни проблеми, туку единствен европски број за итни случаи и повикуваат линијата да остане слободна за граѓаните на кои секоја секунда им е важна.

Би можело да ве интересира

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11