ВИДЕО: Русија го нападна Киев со балистички ракети, една жртва

Од:

Едно лице загина во руски ракетен напад врз Киев, соопшти градската воена администрација.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше дека во Дарницкиот реон биле погодени магацински објекти, по што избувнал пожар. Остатоци од ракета паднале и во дворот на станбен комплекс во Днепровскиот реон.

Кличко ги повика жителите да се засолнат и да ги следат упатствата на надлежните служби.

Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека руските сили извршиле напади врз украински воени објекти и енергетска инфраструктура во Киевската и Днепропетровската област.

Според руското министерство, цел на нападите биле и пристанишни објекти и пловни објекти во Одеската област, за кои Москва тврди дека ги користат украинските вооружени сили.

Во соопштението се наведува дека нападите биле изведени со прецизно оружје и беспилотни летала. Руската страна тврди дека биле погодени и украински претпријатија за производство и складирање беспилотни летала со голем и среден дострел.

Овие наводи се соопштени од руското Министерство за одбрана, но засега нема независна потврда за обемот на штетата и погодените цели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масакар во Дњепар: Русите погодија железничка станица, најмалку 13 мртви

Русија: Ќе разговараме за прекин на огнот само со Украина и САД, но не и со Европа

ВИДЕО: Украинците испратија над 600 дронови на Москва

ВИДЕО: Масовен руски напад врз Киев, погодени студентски дом, продавници, метро, ​​болница

Катерина Ѓуровски

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски