Терористот Дарио (18) од Бела Река, кој се водеше како исчезнат, се обиде да убие жандарм во Белград

Од:

Според неофицијални информации, Дарио Николиќ од Бела Река, во близина на Шабац, е осомничен за извршување терористички напад во Белград. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), осомничениот нападна припадник на Жандармеријата со два ножа пред Амбасадата на Израел во Белград, веднаш по полноќ.

Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи во техничката влада, го окарактеризира инцидентот како терористички напад, наведувајќи дека припадникот на Жандармеријата го неутрализира Николиќ.

Како што пренесува српски „Курир“, Дарио Николиќ од Бела Река претходно се води како исчезнато лице.

Ивица Дачиќ, заменик-премиер и министер за внатрешни работи во техничката влада, изјави дека синоќа, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен „терористички напад“ насочен кон припадник на Жандармеријата, кој вршел обезбедување на Амбасадата на Израел. По инцидентот, издадена е наредба за подигнување на степенот на терористичка закана на највисоко ниво, како и за зголемување на присуството на полицијата на клучните локации.

„Малолетник – чиј идентитет сè уште не е утврден, но постои основано сомневање дека е од Шабац – налетал на припадник на Жандармеријата извикувајќи ’Алаху Акбар‘ и го нападнал со два ножа. Иако идентитетот сè уште не е потврден, нашите служби го следеа и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм имал истакнато црно знаме и амблем на Исламската држава“, изјави Дачиќ, според соопштението објавено утрово од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој додаде дека припадник на Жандармеријата го неутрализирал напаѓачот во самоодбрана, но притоа се здобил со полесна повреда – поточно, исеченица на лицето нанесена со ножот што бил употребен во нападот.

Би можело да ве интересира

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Јаков Јозиновиќ ги одложи концертите во Белград

А1он

Ја допирал внуката по телото и се обидел да ја бакне в уста – уапсен е 64 годишник

А1он

Момче изгуби свест за време на опасна „игра“ со соученик

А1он

ВИДЕО: Објавена снимка од приведувањето на градоначалникот на Белград Александар Шапиќ

Катерина Ѓуровски

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он