Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ донесе одлука да ги одложи концертите во Белградска арена, за што ја извести јавноста преку соопштение на Инстаграм. Тој требаше да одржи концерти на 24 и 25 октомври.
Тој требаше да одржи два големи концерта во Белградска арена како дел од турнејата „Летам по чуда“, а сега ги извести своите фанови на Инстаграм за оваа одлука.
Еве го неговото соопштение во целост:
„Свесен сум колку многу им се радувавте на концертите во арената, колку го планиравте вашето доаѓање и колку време и средства издвоивте за да бидете дел од овие настани. Затоа, особено ми е жал што морам да ве известам дека, поради технички и организациски причини, концертите планирани за 24 и 25 октомври мора да се одложат за нови термини.
За концертот на 24 октомври, новиот датум е 28 ноември, а сите купени билети важат и за тој датум. Доколку, за жал, новиот датум не ви одговара, можете да побарате поврат на средствата на следниов начин:
– Билетите купени на продажно место може да се вратат на местото каде што се купени, со приложување на самиот билет и фискалната сметка.
– Доколку сте купиле билети онлајн, можете да испратите барање за поврат на средствата на нивната адреса.“
Наскоро ќе го објавиме новиот датум за концертот што беше планиран за 25 октомври, а со тоа ќе ги споделиме и сите информации наменети за посетителите на тој концерт.
Би сакал искрено да се извинам за какви било непријатности што може да ги предизвика оваа промена, особено ако веќе сте резервирале сместување, сте организирале патување, сте зеле слободни денови или сте ги усогласиле другите обврски за да дојдете на концертот. Ќе дадам сè од себе за да ги исполнам вашите очекувања и да направам овој концерт да ви остане во најубаво сеќавање.
Ви благодарам за разбирањето, трпението и поддршката. Сè уште искрено се радувам на нашата средба и се надевам дека ќе можам да ве известам за новиот датум штом тој ќе биде потврден. Ваш Јаков – стои во соопштението.
Пејачот Јаков Јозиновиќ се најде во центарот на вниманието откако во јавноста се појави старо видео на кое тој изведува песна од Марко Перковиќ Томпсон.
На видеото, кое кружи на интернет, се гледа како младиот пејач изведува песни од хрватскиот музичар, чии настапи и јавен имиџ со години се предмет на контроверзии поради поврзаноста со хрватскиот национализам и усташката симболика.
