Србија: Телевизија „Курир“ утрово без утринска емисија поради закани упатени кон вработените

Од:

Денеска телевизијата „Курир“ не ја емитуваше својата утринска програма поради сериозни безбедносни закани упатени кон редакцијата и вработените.

Синоќа добиле информации од повеќе извори за можен упад во нивните простории.

– Истовремено, на социјалните мрежи се појавија повици за упад во просториите на „Курир“, како и закани за насилство врз нашите вработени. Сите овие закани се документирани и доставени до надлежните органи.

Со оглед на сериозноста на овие информации, донесовме одлука, како мерка на претпазливост, да ги прекинеме подготовките за утринската програма и да ги испратиме вработените дома, каде што тие продолжија со својата работа. Безбедноста на нашите новинари, уредници, сниматели, технички персонал и сите други вработени е поважна од кое било емитување.

„Курир“ го почитува правото на секој граѓанин на слобода на изразување, критика кон медиумите и мирно собирање. Сепак, слободата на изразување не вклучува право на упатување закани, заплашување или прибегнување кон насилство – без разлика дали тоа е насочено кон нас или кон која било друга медиумска куќа.

Во време на политички промени, одговорност на секого е разликите да се решаваат преку аргументирана дискусија, а не преку закани и насилство. Ги повикуваме сите јавни личности да покажат воздржаност и одговорност, а надлежните институции ги повикуваме итно да реагираат за да се обезбеди заштита на сите медиумски работници, независно од тоа за која медиумска куќа работат.

Откажувањето на утринската програма беше цена што бевме подготвени да ја платиме за да ја осигураме безбедноста на нашите луѓе. Заканите нема да нè спречат да си ја вршиме работата: „Курир“ ќе продолжи одговорно и професионално да известува за сите општествено-политички теми во Србија, велат од телевизијата.

Би можело да ве интересира

На порталот „Република“ по грешка објавена инструкција како да се напише текст против Заев

Ландов

Европарламентот ќе бара одговори од ЕК за унгарските финансии во македонски медиуми

Основачот на „Курир“, Ацо Мисаjловски и директорот на МТВ, Марјан Цветковски осомничени од СЈО

Кристијан Ландов

Ристоска го демантира Курир: Не живеам на таа улица, ниту сум се сретнала со Заев

Предраг Петровиќ

Курир: Над 70.000 луѓе на митингот во Скопје на СДСМ и Коалицијата

Емир Латифовиќ

Српски Курир најавува тужба против македонскиот Курир

А1он