Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Од:

Врховниот водач на Исламската револуција Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи денеска изјави дека Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец и да се грижи за зачувување на националната и регионалната безбедност, националното единство и зајакнување на односите со соседите.

За време на средбата со секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, тој рече дека е потребно да се зајакне националната кохезија и да се поттикне меѓусебната доверба меѓу народот и службениците, објави агенцијата Тасним.

„Очајот на непријателот е еден од плодовите на националниот отпор“, рече Хамнеи.

Тој оцени дека навременото информирање на јавноста е неопходно за да се одржи учеството на народот во одбраната на земјата и политичкиот систем.

За време на средбата, Резаи го информира врховниот лидер за состојбата во земјата во различни области и за напорите што се преземаат за решавање на постојните проблеми.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација