Соединетите Држави нема да го нападнат Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Одговарајќи на новинарско прашање пред Белата куќа, тој даде краток одговор на прашањето дали денес ќе дојде до напад, пренесува новинската агенција АП.
Повикувајќи се на неименувани извори, американскиот весник „Д Хил“ (The Hill) претходно објави дека американската војска подготвила опции за евентуални нови напади врз Иран по американските избори на средината на мандатот во ноември.
Американската централна команда (CENTCOM), која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток, изготвила планови за дополнителни напади врз Иран, кои чекаат одобрување од Белата куќа.
Според извор запознаен со планирањето, на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет му биле претставени неколку опции за напад, додека Трамп има намера да ги остави сите можности отворени сè додека не се донесе конечна одлука.
