Голем интерес за гласање има и на избирачките места надвор од Србија. Телевизијата Н1 Белград јавува дека се формирале редици и на избирачките места во Вашингтон и Лос Анџелес.
Jedvačekanje u LA. https://t.co/NgHpP8LDEr
— Mad Hatter 🇷🇸🇨🇦🇺🇸 (@mirkoandjic) October 25, 2026
Музичарот Ѓорѓе Стијеповиќ, кој се вклучи во програмата на Н1 од избирачкото место во Лос Анџелес, истакна дека досега никогаш не видел толку многу луѓе на гласање.
Според него, гласачите одлично се организирале, најпрво се собрале во српско кафуле во Санта Моника, од каде што во поворка тргнале кон избирачкото место.
Проблем за дијаспората, особено во САД и Австралија и подалечните земји во други временски зони, е тоа што изборачките места ќе бидат отворени од 7 до 20 часот по српско или средноевропско време.
