Србија пред избори: 18 листи, 2.418 кандидати и над 6,4 милиони гласачи

Од:

На полноќ во Србија започна изборниот молк пред вонредните парламентарни избори, на кои во недела, 25 октомври, ќе учествуваат 18 листи со вкупно 2.418 кандидати за пратенички места во идниот состав на Народното собрание на Србија.

Изборниот молк ќе трае до недела во 20:00 часот, кога ќе се затворат избирачките места. Во текот на овој период, забрането е претставување на кандидатите или нивните програми во медиумите или на јавни собири, повикување на гласање (или негласање) за одредена листа, како и објавување на проекции за изборните резултати. За прекршување на ова правило се предвидени парични казни: од 100.000 до 600.000 динари за правни лица; од 50.000 до 150.000 динари за одговорни лица во медиумите; од 20.000 до 50.000 динари за одговорни лица во правни лица; и од 10.000 до 40.000 динари за физички лица.

На овие вонредни парламентарни избори право на глас имаат 6.450.523 гласачи, кои ќе гласаат на 8.392 избирачки места. Од нив, 29 избирачки места се наоѓаат во казнено-поправни установи, а 93 се лоцирани во странство, во 37 држави, каде што за гласање се пријавиле 102.147 граѓани.

Гласачите од Косово ќе гласаат на 60 избирачки места лоцирани во Рашка, Тутин, Врање и Куршумлија.

Гласачките ливчиња се испечатени на 29 различни јазици. Ливчињата на српски јазик се испечатени на хартија со формат А4, оние на два или три јазика (писма) на хартија со формат А3, а ливчињата на четири или пет јазици (писма) на хартија со формат А2.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Аспења низ Србија за наводно планирање нереди на изборите

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

Студентите во Србија предупредуваат на „фантомски гласачи“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Вучиќ го распушти Собранието и ги распиша парламентарните избори

Горан Наумовски

Пицула за изборите во Србија: Владата, по којзнае којпат, практикуваше злоупотреби, насилство и притисок

А1он