Карлеуша бара помош од Трамп и Маск оти „студентите ќе ја уништеле државата“

Од:

Српската пејачка Јелена Карлеуша реагираше на социјалните мрежи на резултатите од парламентарните избори во Србија и поразот на партијата на Александар Вучиќ. Во низа објави таа изрази незадоволство од изборниот исход.

Во една од објавите, во која ги означи претприемачот Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп, Карлеуша оцени дека почнало уништувањето на нејзината држава.

„Од седум милиони луѓе, два милиони Срби гласаа за анархија, насилство и уривање на државата. Беа доведени во заблуда и измамени, а сега е предоцна. Срцето ми се крши поради тие деца“, напиша Карлеуша.

Пејачката објави и други коментари за изборните резултати.

„Кога сите непријатели на Србија и на српскиот народ честитаат, ЗНАЕТЕ дека сме на*бале“, напиша таа, споделувајќи објава на Кристијана Аманпур, долгогодишна новинарка и главна меѓународна дописничка на Си-Ен-Ен.

Аманпур ѝ ја честиташе победата на студентската листа и оцени дека станува збор за важен момент за демократијата во Србија.

Во друга објава, Карлеуша напиша: „Што си направија Србите самите на себе, и тоа во моментот кога најдобро ни одеше“.

Таа, исто така, праша: „Вучиќ изгуби, а кој победи, се знае ли кои се тие?“.

Карлеуша, која е позната по јавната поддршка за Вучиќ, за време на претходните студентски протести ја повикуваше полицијата да интервенира против демонстрантите.

Според медиумските написи, во последниот период на пејачката ѝ се откажуваат настапи, а нејзините концерти бележат послаба посетеност.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

Илија Срдановиќ за изборот на членови на идната Влада на Србија: Студентите избраа 250 експерти!

А1он

Ројтерс: Новите лидери во Србија се пред тешки предизвици, а Косово сметаат дека сè уште е составен дел од земјата

А1он

Вучиќ изгуби во 26 од 29 градови во Србија

А1он

ВИДЕО: Еуфорично се слави на улиците низ Србија