Австралискиот телевизиски репортер, Вил Мари, и еден случаен минувач спасија маж од теренско возило кое почна да тоне во поплавните води во Квинсленд, северно од Бризбејн, објави денеска Ројтерс.
Мари, новинар на австралискиот јавен сервис ABC известуваше за поплавите кога еден маж со своето возило влезе во водата, автомобилот потоа застана и почна да тоне.
Репортерот и уште еден маж допливаа до возилото и го извлекоа возачот само неколку моменти пред автомобилот целосно да потоне.
– Тие двајца дефинитивно му го спасија животот на тој човек. Во тоа нема никаков сомнеж, изјави снимателката на ABC, Лиз Пикеринг, која беше сведок на настанот.
