ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не преговараат со Иран и дека во конфликтот со Техеран „нешто ќе се случи многу брзо“.

„Не преговараме со Иран. Нешто ќе се случи прилично брзо, на овој или оној начин. Се чини дека повеќето луѓе мислат дека тоа ќе биде по изборите“, им рече Трамп на новинарите пред да се качи во претседателскиот авион „Ер форс уан“ во воената база Ендрус.

Изјавата следува по објавата на „Њујорк тајмс“ дека САД и Израел изработиле планови за нови воени напади врз Иран.

Нападите би можеле да следуваат по американските конгресни избори, закажани за 3 ноември.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски официјални лица и други извори запознаени со плановите, објави дека двете земји ги интензивирале воените вежби пред, како што наведува весникот, „кратка, но интензивна операција“.

Во рамките на вежбите се изведуваат и прелети над Ирак, западниот сосед на Иран, со цел симулирање маневри за напад.

Меѓу потенцијалните цели се иранските енергетски постројки, нуклеарните објекти, како и залихите на ракети и дронови.

Според официјалните лица цитирани во извештајот, нова голема серија напади би можела да ја доведе иранската економија до колапс и на тој начин да го принуди Техеран на дипломатски отстапки.

Во извештајот се наведува и дека постои мала можност Трамп да одобри напади уште овој месец. Сепак, не е исклучено американскиот претседател на крајот да не одобри никаква воена акција против Иран.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски