Три лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која се случи на мостот „Беласица“.
– На ул.„Беласица” после крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ” кон трговски центар дојде до сообраќајна незгода помеѓу „мерцедес” со управуван од М.П.(37) од Скопје и возило „ауди” правувано од О.Ц.(21) од Скопје. Од незгодата возачите и еден сопатник се здобија со повреди, велат од полицијата.
Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.
