ВИДЕО: Аспења низ Србија за наводно планирање нереди на изборите

Од:

Во Нови Сад е во тек акција за апсење на група за која постои сомнеж дека планирала да предизвика нереди во Белград на денот на изборите, објави РТС. Во одделна акција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, уапсен е и М. А. од Врњачка Бања.

Според информациите на РТС, осомничените планирале во недела да доведат околу 80 луѓе во Белград со цел да предизвикаат нереди. Во тек се и претреси на објекти и простории што ги користеле осомничените.

Во одделната акција е уапсен М. А. од Врњачка Бања, под сомнение дека повикувал на насилна промена на уставниот поредок и планирал учество во немирите на денот на изборите во Белград, потврдиле од Вишото јавно обвинителство во Краљево за РТС.

Таблоидот „Блиц“, близок до српскиот претседател Александар Вучиќ, објави дека Марко Веин, уапсен во Нови Сад, и Матеј Армуш, уапсен во Врњачка Бања, имаат хрватски пасоши.

Според „Блиц“, Веин е осомничен дека ја предводел криминалната група која наводно планирала да предизвика нереди во Белград на денот на изборите. Весникот тврди дека тој лично регрутирал луѓе и им набавувал оружје и други средства за пресметка со неистомисленици и полицијата.

Според неофицијални извори на кои се повикува „Блиц“, Веин планирал да дојде во Белград со околу 80 луѓе. Наводните планови, според истиот медиум, вклучувале палење автомобили, напади врз таканаречените „ќации“, одземање пари и фрлање молотови коктели од скутери.

„Ќации“ е погрден израз што во Србија се користи за поддржувачите на власта на Вучиќ, особено за оние кои се противат на студентските протести и блокадите на факултетите. Изразот настана откако на ѕид на училиште во Белград се појави погрешно напишана порака „Ќаци во училиште“, наместо „Ѓаци во училиште“, по што демонстрантите почнаа иронично да го користат за поддржувачите на Вучиќ.

„Блиц“ тврди и дека Веин зборувал за собирање на групата во станови и на тајни локации, каде што учесниците требало да имаат палки, фантомки, факели и ножеви. Според пишувањето на весникот, за акцијата требало да користат од 15 до 20 автомобили.

Медиумот наведува дека групата чекала повик од лицата кои стојат зад студентската листа за да започне со акцијата. „Блиц“ ја пренесува и наводната изјава: „Упаднуваме, чистиме сè“.

„Во повеќе разговори зборуваше дека ќе има крвопролевање и дека ќе има мртви во судирите“, цитира „Блиц“ неименуван извор.

Наводите за планираните активности се пренесени од „Блиц“, повикувајќи се на неименувани извори, и не се независно потврдени во информациите објавени од РТС.

Би можело да ве интересира

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

Студентите во Србија предупредуваат на „фантомски гласачи“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Вучиќ го распушти Собранието и ги распиша парламентарните избори

Горан Наумовски

Пицула за изборите во Србија: Владата, по којзнае којпат, практикуваше злоупотреби, насилство и притисок

А1он

ВИДЕО: Инциденти, тепачки, напад со секира – тензични локални избори во Србија