ВИДЕО: Инциденти, тепачки, напад со секира – тензични локални избори во Србија

Од:

На локалните избори што денес се одржуваат во повеќе градови и општини во Србија, уште во раните утрински часови се регистрирани бројни нерегуларности, инциденти и засилено полициско присуство.

Избирачките места беа отворени во 7 часот, а право на глас имаат вкупно 247.985 граѓани. Гласањето ќе трае до 20 часот, кога ќе се затворат избирачките места и ќе заврши изборниот молк.

Граѓаните избираат советници во Градското собрание на Бор, како и во општините Смедеревска Паланка, Бајина Башта, Кула, Лучани, Аранѓеловац, Кладово, Књажевац, Мајданпек и во Градската општина Севојно.

Според медиумските извештаи, во Бор избувнала тепачка, додека во Бајина Башта бил забележан сериозен инцидент кога група мажи трчала по новинари, кои се повлекле од безбедносни причини. Пријавени се и напади врз студенти и набљудувачи, а на одделни места е евидентирано присуство на групи активисти на владејачката партија, како и зголемен број полициски сили.

Изборниот процес го следи рекорден број домашни и странски набљудувачи, а во трката учествуваат листи на студенти, граѓански иницијативи, како и кандидати од владејачките и опозициските партии.

Целиот процес се одвива во напната атмосфера, со бројни пријави за нерегуларности. На почетокот на гласањето, отворањето на дел од избирачките места било одложено поради проблеми со обезбедување на тајноста на гласањето. Дел од контролорите барале гласачките паравани да бидат поставени така што ќе се спречи евентуално фотографирање на гласачките ливчиња, додека претставници на Српската напредна странка се спротивставиле на таквите барања.

Во Гуча, според извештаите, дел од гласачите јавно го покажувале својот избор на претставници на СНС, со цел да добијат паричен надомест по напуштањето на избирачкото место.

Дополнително, на изборниот процес може да влијае и фактот што околу 600 граѓани ќе гласаат од дома.

Од владејачката Српска напредна странка обвинуваат дека активисти и лидери на опозициските листи „грубо ги вознемируваат и провоцираат граѓаните“. Од друга страна, опозицијата и студентските движења предупредуваат на притисоци, поткуп и организирани злоупотреби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Илија Срдановиќ за изборот на членови на идната Влада на Србија: Студентите избраа 250 експерти!

А1он

Ројтерс: Новите лидери во Србија се пред тешки предизвици, а Косово сметаат дека сè уште е составен дел од земјата

А1он

Вучиќ изгуби во 26 од 29 градови во Србија

А1он

ВИДЕО: Еуфорично се слави на улиците низ Србија

(ВИДЕО) Вучиќ: Ги загубивме изборите

Катерина Ѓуровски