Пицула за изборите во Србија: Владата, по којзнае којпат, практикуваше злоупотреби, насилство и притисок

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија – Тонино Пицула, денес оцени дека владата во Србија практикувала злоупотреби, насилство и притисок врз граѓаните, активистите и новинарите за време на локалните избори што се одржаа вчера.

Пицула на социјалната мрежа X изјави дека нема неважни избори во демократијата, но важно е тие да не бидат компромитирани од злоупотреби, насилство и притисок врз граѓаните, активистите и новинарите.

„Сето ова, по којзнае кој пат, повторно го практикуваше владата на локалните избори што се одржаа во Србија“, напиша тој.

Порано денес, генералниот секретар на Европската демократска партија и пратеник во Европскиот парламент, Сандро Гоци, реагираше на изборите во Србија и ја повика Европската комисија да одговори на насилството и заплашувањето за време на локалните избори во Србија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Илија Срдановиќ за изборот на членови на идната Влада на Србија: Студентите избраа 250 експерти!

А1он

Ројтерс: Новите лидери во Србија се пред тешки предизвици, а Косово сметаат дека сè уште е составен дел од земјата

А1он

Вучиќ изгуби во 26 од 29 градови во Србија

А1он

ВИДЕО: Еуфорично се слави на улиците низ Србија

(ВИДЕО) Вучиќ: Ги загубивме изборите

Катерина Ѓуровски