Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати за уште шест месеци, поради можноста за нарушување на снабдувањето.
Со одлуката, кризната состојба ќе трае до 20 април 2027 година.
На 126. седница, пратениците ги донесоа и Законот за државна ревизија и одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во меѓународната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.
