(ВИДЕО) Хаос во Франција: Фрлени димни бомби, демонстранти упаднаа во полициска станица

Од:

Судири меѓу полицијата и демонстрантите избија во градови низ Франција, откако десетици илјади луѓе излегоа на улиците на протести поттикнати од порастот на трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека, до средината на попладнето, биле уапсени околу 270 лица по насилни инциденти во кои учествувале поединци со качулки – меѓу другото во Париз, Марсеј (на југ), Рен (на северозапад), Тулуз (на југозапад) и Анже (на запад од земјата), пренесува „Ле Фигаро“.

„Ваквите дејствија вклучуваат обиди за грабеж, судири со полициските сили, палење на урбана опрема, како и напади врз владини институции и медиумски куќи“, се наведува во соопштението, во кое за немирите се обвинува „крајната левица“.

Во центарот на Париз беше забележано силно полициско присуство, особено во близина на знаменитости како што се „Шанзелизе“ и Триумфалната капија – области кои не беа опфатени со рутите на двете одобрени демонстрации.

Демонстранти облечени во флуоресцентни елеци блокираа улици, глетка што потсетува на движењето „Жолти елеци“, кое го одбележа претходниот мандат на претседателот Емануел Макрон.

Во Бордо, половина час по почетокот на демонстрациите, пристигнаа полициски засилувања и се обидоа да растераат дел од демонстрантите; избија пожари на барикадите и во жардиниерите на улиците, поради што интервенираа противпожарни екипи. Неколку десетици демонстранти денеска накратко влегоа во холот на градското собрание во Марсеј, откако насилно ги отворија вратите извикувајќи: „Ова е револуција; ја освојуваме Бастилја“. Полицијата ги растера демонстрантите и зазеде позиции пред зградата за да им го оневозможи пристапот.

Претходно, беше нападната и полициска станица во Марсеј; прозорците беа искршени, а внатре беа фрлени димни бомби.

Бранот масовни протести во Франција започна кон средината на септември како локален штрајк и бунт на ученици и наставници во едно средно училиште во Кретеј – посиромашна предградија на Париз – предизвикан од тешките услови во образовниот сектор, вклучително и хроничниот недостиг на наставници, пренатрупаните училници и запуштените, дотраени училишни згради. Во текот на следните недели, протестите се интензивираа и се проширија во средните училишта и на универзитетите низ целата земја, придружени со масовни блокади и судири со полицијата.

На демонстрациите им се приклучија синдикати, родители и активисти од поранешното движење „Жолти елеци“. Кон првичните барања за реформа во образованието, набрзо се надоврзаа и масовни улични протести против високите трошоци за живот, растот на цените на горивата и владините мерки за штедење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција: Запален e Филозофскиот факултет, во пожарот уништени се покривот и фасадата

Анкета: Речиси 70 отсто од Французите ги поддржуваат протестите поради растот на трошоците за живот

Горан Наумовски

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

Немирите во Тирана продолжуваат, Рама изјавува дека нема да поднесе оставка

Горан Наумовски

Улични пресметки во срцето на Европа: Протестите ја парализираа Белгија, маскирани групи ја нападнаа полицијата

Предраг Петровиќ