(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Од:

Скандалот со пуштањето на Ива Михаиловска го откри договорот под радар, под маса направен во Софија. Муцунски договори, Тошковски ја пушти, Мицкоски одобри, границата е швајцарско сирење, а одговорност нема. Сега Мицкоски се плетка се повеќе во обид да го заташка скандалот. На телевизија Мицкоски рече дека за случајот со Ива Михаилова ќе се жали пред НАТО и европските партнери. А за Никола Груевски молчи, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

– Зошто не се жали, зошто со истата гласност и не бара негово враќање од Унгарија? Ива е осомничена ама Груевски е осуден. Каде е најавеното ново барање за екстрадиција на Груевски? Во мај, пред 4 месеци, владата на Мицкоски најави дека кога ќе ги комплетира докуметните ќе поднесе ново барање. Патуваа документите со денови, се собираа документите, не оваа среда следниот петок.
Потоа велеа дека чекаат да се формира нова Влада во Унгарија.

Поминаа 4 месеци ново барање за екстрадиција на Груевски не е пратено. Уште една лага на Мицкоски. Вистината е дека тој го штити Груевски и не сака да бара екстрадиција. Времето потврдува дека Мицкоски се што ќе каже – лаже. Криминалци штитат криминалци, тоа е суштината. А за Ива, пред да се жали за некој друг, Мицкоски мора да ги даде одговорите дома. Не „кога тогаш“ туку сега. Не да го штити Тошковски, не да ја заменува одговорноста. Правдата и законот мора да важи за сите подеднакво. Бандата треба да знае дека одговорност ќе има, сите до еден ќе одговараат, нагласи Кузеска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник