Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Од:

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат за градоначалник на предвремените локални избори откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.

Денеска според, податоците на Државната изборна комисија, ќе гласаат 88 болни и изнемоштени лица.

На изборите за градоначалник на Брвеница се гласа за шестмина кандидати на четири политички блока и двајца независни кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од Коалицијата предводена од СДСМ за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од Коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ).

Функцијата на вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.

Утре избирачките места се отвораат во 7 часот и се гласа до 19:00 часот. денеска гласаат според дик 88 болни и изнемоштени.

Во Избирачкиот список во десетте населени места во Брвеница се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“