Десет новинари од телевизијата N1 дадоа отказ.
Меѓу нив се Даница Вучениќ, Наташа Миљковиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ана Новаковиќ, Сања Косовиќ, Ксенија Павков, Жаклина Таталовиќ, Жана Булајиќ, Адам Сантовац и Димитрије Ѓуриќ.
Наведуваат дека ова се случува во момент кога редакцијата на порталот Nova.rs, кој е дел од истата медиумска групација, е изложена на притисок од страна на раководството.
Ова се случува во време кога редакцијата на порталот Nova.rs е под притисок од раководството, бидејќи новинарите не прифаќаат да добијат нов главен уредник. Тие се сомневаат дека тоа би претставувало чекор кон задушување на слободното новинарство, кое досега се негуваше.
Новинарите од N1, кои си заминаа од работа, за Nova.rs потврдија дека оваа информација е точна.
