Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград го уапсија Д.Д. (64) поради постоење основи за сомневање дека стори кривично дело – недозволени сексуални дејствија, дознава српски „Телеграф“.
Се сомнева дека тој, искористувајќи го отсуството на родителите во семејниот дом во населбата Палилула, сексуално ја вознемири својата внука, која е тинејџерка.
Тој го искористи отсуството на родителите на детето во куќата, при што ги допира интимните делови од телото на внуката и се обиде да ја бакне во устата, покажуваат првичните резултати од истрагата.
По налог на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на Д.Д. му е одредена мерка задржување во траење до 48 часа, по што ќе биде изведен на распит, заедно со кривична пријава.
