Американската војска подготви нови планови за напад кои вклучуваат можна употреба на таканаречената „мајка на сите бомби“ против иранската енергетска инфраструктура и нуклеарните постројки, доколку американскиот претседател Доналд Трамп нареди почеток на борбени дејствија, објави денеска Си-Ен-Ен (CNN), повикувајќи се на неколку американски претставници запознаени со случајот.
Употребата на GBU-43/B – најголемата ненуклеарна бомба во американскиот арсенал – во евентуален конфликт со Иран би претставувала значителна ескалација, наведува Си-Ен-Ен.
Сепак, според неколку извори запознаени со внатрешните воени дискусии за можното распоредување на ова оружје, постојат сомнежи за тоа колку тоа би било ефективно во остварувањето на стратешките цели на Трамп или во менувањето на односот на силите во војна.
